Почна аплицирањето за субвенционирање на стадата и новите овошни насади

Со овие новини, на сите земјоделци им се дава можност за обновување на генетескиот потенцијал на стадото, и зголемено количество на квалитетно млеко. Ќе се модернизират нивните земјоделски стопанства, фармите стануваат попродуктивни, со што Македонија преку унапредување на земјоделството ќе се доближи до европските стандарди.

540

Земјоделците кои лани ги зголемиле своите стада или формирале нови од денеска, се до крајот на месецот можат а аплицираат за добивање на пари од „Програмата за рурален развој“ соопшти Агенцијата за поддршка и развој на земјоделството.

Со овие средства, се наведува во соопштението, фармерите може да повратат од 50 до 75 отсто од вкупната инвестиција за оригинални или мелезни високостелни педигрирани јуници( со исклучок на јуници од расата „Буша“). Исто така преку оваа мерка се признаваат трошоците за набавка на педигрирани машки и женски приплодни грла овци, кози, оригинали или мелези на свињи( нерези и назимки), оригинали или хибриди од увоз или со потекло од признаени организации согласно Законот за сточарство.

Освен поволности за набавка на расни грла добиток, од денеска може да се аплицира и за „Мерката за подигање на нови повеќегодишни лозови и овошни насади, повеќегодишни насади на ароматични растенија и медоносна флора(фацелија, еводија, и багрем) на нови површини.“

Барањата за искористување на овие поволности, се поднесуваат по електронски пат, односно со помош на компијутер. Или доколку земјоделците немаат услови сами да ја пополнат апликацијата истата може да им ја пополнат вработените во Подрачните единици на Агенцијата за поддршка и развој на земјоделството.

Условите за добивање на оваа мерка се: минималната посадена површина која треба да ја имаат е 0,2 хектари, како и бројот на садници да е соодветен на културата која ја имаат посадено.

Сите земјоделци кои ќе ја добијат оваа државна помош, имаат обврска бројот на расните грла, како и бројот на садници да ги задржат и во наредните пет години. – рече директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски.

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски најави денеска дека се подготвуваат нови измени за да се овозможи поголема искористеност на расположливите средства наменети за развој на земјоделството.

-Прво ќе се објавува огласот, потоа ќе се склучува договорот и по реализација на набавката ќе се изврши исплата. На овој начин се обезбедува поголема сигурност за оние кои што ќе извршат набавка. Дополнително, во насока на создавање на услови за развој на сточарството, се подготвува за објава наменскиот оглас за доделување на државно земјоделско земјиште под закуп за сточари, за да обезбедиме поголемо и посигурно производство на добиточна храна, кој што очекуваме да биде објавен следната недела – рече Николовски.

Со овие новини, на сите земјоделци им се дава можност за обновување на генетескиот потенцијал на стадото, и зголемено количество на квалитетно млеко. Ќе се модернизират нивните земјоделски стопанства, фармите стануваат попродуктивни, со што Македонија преку унапредување на земјоделството ќе се доближи до европските стандарди.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...