Почна аплицирањето за субвенции за грозје

Финансиска поддршка од еден денар ќе добијат сите земјоделци кои произведеното грозје го предале на регистрирана винарница.

139

Лозарите од денеска можат да поднесуваат барања за субвенции  за произведено и продадено грозје од сортите „вранец“ и „смедервка“ во регистриран капацитет за производство на вино во Македонија, соопшти денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Финансиска поддршка од еден денар ќе добијат сите земјоделци кои произведеното грозје го предале на регистрирана винарница.

Од Агенцијата информираат и дека земјоделците кои ги исполнуваат условите, може да ги поднесат барањата по електронски пат во подрачните единици на Министерството за земјоделство најдоцна до 25 декември. Заедно со барањето, земјоделците треба да достават и потрда за откупено грозје, издадена од регистриран капацитет за производство на вино.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...