Познатиот британски политички технолог и легенда во областа на односи со јавноста, Тим Бел, синоќа почина на 77-годишна возраст.
Светска слава тој постигна во 1979, 1983 и 1989 година како „спин доктор“ на Маргарет Тачер и менаџер на изборните кампањи на поранешната британска премиерка. Бел соработувал и со Kонзервативната партија на изборите во 1983 и 1987 година.
Во 1970 година учествувал во основањето на рекламната агенција „Сачи & Сачи“ и долги годии бил нејзин извршен директор.
За време на премиерството на Тачер, Бел прими титула рицар, а подоцна беше воведен и во редот на пирови.
Неговата фирма за односи со јавноста оформена во 1987 година, „Бел Комјуникејшн“, за свои клиенти имала такви политички фигури како чилеанскиот диктатор Аугусто Пиноче и Александар Лукашенко, наречен и „последниот диктатор во Европа“, како и кралското семејство на Саудиска Арабија. За овие ангажмани фирмата долго време беше цел на критики. Бел бил консултант и на поранешниот руски претседател Борис Елцин и на повеќе руски олигарси.
Фирмата, од 1997 година преименувана во „Бел Потингер“, беше затворена пред две години после скандал со расистичка кампања во Јужна Африка. Тогаш, услугите на лорд Бел му ги откажаа такви водечки банки и компании како „Ејч-Ес-Би-Си“, најголемата банка во Европа и „Ричемонт“, производител на луксузни стоки од Швајцарија.