Почина рускиот нобеловец Жорес Алферов

182
ФОТО: МИА

Рускиот физичар и добитник на Нобелова награда, Жорес Алферов почина денеска на 89-годишна возраст.

Алферов прв ја откри технологијата, која подоцна овозможи создавање на ласерски плеери и дискови, мобилни телефони, соларни батерии и ласерски „скалпели“.

Заслужен е за откривање на оптичките влакна, без кои е невозможен интернетот, но и многу други вселенски технологии.

Поради своите откритија Алферов заедно со Херберт Кремер во 2000 година ја доби Нобеловата награда за физика за „развој на полупроводни хетероструктури користени во оптоелектрониката и електрониката со големи брзини“.

Тој беше заменик претседател на Руската академија на науки (РАН) од 1991 до 2017 година, а воедно и претседател на Президиумот на научниот центар на РАН во Санкт Петербург. Во исто време беше и пратеник од Комунистичката партија на Русија во Државната дума.

ФОТО: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...