Почина режисерот Тихомир Бачовски

386

На 68-годишна возраст денеска во Скопје ненадејно почина режисерот Тихомир Бачовски.

Првите контакти на Бачовски со филмот датираат од 1966 година. Како познат кино-аматер веќе во 1967 и 1968 година, во рамките на тогашна Југославија освојува повеќе награди за режија на фестивали за аматерски филм во Љубљана, Загреб и Белград. Од 1997 година почнува професионално да се занимава со режија во МРТ, чиј творечки опус трае повеќе од три децении.

Погребот на Тихомира Бачовски е утре на гробиштата во Бутел. Во МРТ, пак, утре во 10 часот ќе биде одржана комеморативна седница.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...