Почина познатиот шпански актер

Актерот и пејач Еду дел Прадо почина во 41. година, од воспаление на белите дробови предизвикано од тешката болест, пренесоа светските медиуми.

807

Актерот и пејач Еду дел Прадо почина во 41. година, од воспаление на белите дробови предизвикано од тешката болест, пренесоа светските медиуми.

Дел Прадо беше познат по улогата на Цезар во серијата „Чекор напред“ и по учеството во групата „УПА денс“ која ја сочинуваше екипата од серијата.

Кариерата ја продолжи во шоубизнисот, и беше член на жирито или ментор во натпреварите за пејачи како што се „Глас“, „Академија на ѕвездите“ и други, во Мексико и Франција.

Колегите од серијата му оддадоа почест на социјалните мрежи, меѓу нив беа Моника Круз, Мигел Анхел Муњоз и Беатрис Луенго.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...