Почина пијанистката Елена Мисиркова

1648

Почина пијанистката Елена Мисиркова-Лоза, која е родена во Скопје и живееше во Виена. Таа е потомок на основоположникот на македонската лингвистика Крсте Петков Мисирков и имаше богата интернационална кариера.

Од 1987 до 1989 година Мисиркова била професор по пијано во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“. Од 1997 до 2002 година работела како асистент по пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а потоа предавала пијано и во австриската престолнина.

Мисиркова беше прва македонска уметница која имаала солистички концерт во „Карнеги хол“ во Њујорк. Имаше голем број настапи на значајни фестивали во Македонија, Австрија и низ светот, а во 2007 година и беше доделена титулата почесен амбасадор на македонската култура во Австрија.

Во 2016 година ја доби државната награда „11 Октомври“. Беше дел и од иницијативата „За заедничка Македонија“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...