Почина писателката Вера Чејковска

437

Денес, по тешко боледување, на 64-годишна возраст почина македонската поетеса, раскажувач и есеист Вера Чејковска.

Taa беше член на Друштвото на писатели на Македонија од 1987 година. Зад себе ги остави збирките поезија: Човек и врата (1975), Множење на словото (1986), Опит (1992), Отсуството на Благиот (1993), Leximi i dritës (2000), Рабови (2007), Отсуството на Благиот II (2008), The Аbsence of the Mild One (2011), Моите веди (2013), My Vedas (2015), збирката раскази Чејка и чајка (2015), како и низа научни монографии и студии од областа на сеизмологијата.

Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на гробиштата Бутел од 12 часот и 30 минути, а погребот ќе се изврши во 13 часот и 30 минути.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...