Почина Павлина Апостолова-Богданова, првенка на Македонската опера

219

Во Скопје, на 9-годишна возраст,  =почина поранешната првенка на Македонската опера, .Павлина Апостолова-Богданова. Таа припаѓа на првата генерација оперски солисти што ја формираа македонската оперска сцена и музичка култура.

До нејзиното заминување во пензија, со изведби на 40-тина главни улоги и познати арии во речиси половина од дотогаш изведените оперски премиери во МОБ, со концертирања во земјата и странство, беше вреднуван и ценет вокал.

Со својот сопруг Петре Богданов – Кочко, еден од основоположниците на Македонската опера, но и композитор, педагог и певец, Апостолова е вградена во темелите на современата македонскта култура.

Таа се здоби и со стаус на истакнат македонски уметник.

Погребот е извршен денеска во кругот на најблиските.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...