Почина основачот на Хјуман рајтс воч, на 97-годишна возраст

57
ФОТО: МИА

Основачот на Хјуман рајтс воч, Роберт Бернстајн, почина на 97-годишна возраст, објави денеска „Њујорк тајмс“.

Бернстајн почина вчера во една болница во Њујорк.

Роберт Бернстајн ја основа организацијата ХРВ за време на Студената војна.

Тој, исто така, беше и на чело на куќата Рендом, која издаваше дела на американските автори, како што се Тони Морисон или Гор Видал, но и советските дисиденти Андреј Сахаров и Елена Бонер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...