Британскиот писател и добитник на Нобеловата награда за книжевност, В.С. Нејпол почина на 85-годишна возраст во својот дом во Лондон, соопшти неговото семејство.
Неговата сопруга Надира Нејпол истакна во соопштението дека тој беше „голем во се што постигна и оти почина опкружен со луѓето кои ги сакал во текот на животот, исполнет со величенствена креативност и достигнувања“.
Роден е во индиско семејство во Тринидад на 17 август 1932 година. На 18-годишна возраст се преселува во Англија бидејќи добил стипендија на Оксфорд.
Нашишал десетина книги, од кои повеќето биле со тема за колонијализмот и неговото наследство.
Нобеловата награда за книжевност ја доби во 2001 година.