По еднонеделна интензивна битка за животот на 17-годишното момче од Нови Сад лекарите не успеале да го спасат.
Момчето кое пред една недела случајно си пукаше во глава почина денеска во Детската болница, пренесува „Блиц“.
Куршум со калибар од 9 милиметри го погоди момчето меѓу образот и слепоочницата и првичните резултати од истрагата покажуваат дека во инцидентот нема елементи на кровично дело, односно дека повредата на момчето не е од друго лице.
– Истрагата утврди дека момчето играло со пиштол Застава ЦЗ-88 и дека веројатно поради нестручно ракување пиштолот испукал, а куршумот го погодил во глава. Тоа го потврдиле и сведоците. Бидејќи пиштолот бил силно стиснат во раката, заклучивме дека станува збор за саморанување – информира за Блиц извор од истрагата