Францускиот моден креатор Емануел Унгаро почина во Париз, во 86-та година од животот, соопшти неговото семејство.
Унгаро, еден од најпродуктивните креатори, роден е во Франција, но по потекло е од Италија.
Тој беше во брак со Лаура Бернабеи, со која ја доби ќерката Косима.
Погребот ќе биде утре во Париз.