Почина Лоис Лејн од „Супермен“

Актерката страдала од биполарно нарушување, што и било дијагностицирано после една манична епизода во 1996 година, кога била најдена во потполно дезориентирана состојба како талка по улиците на Лос Анџелес.

1429

Канадската актерка Маргот Кидер, која се прослави во серијата филмови „Супермен“, каде што ја играше улогата на новинарката Лоис Лејн, почина на 69 години.

Таа својата кариера ја започна кон крајот на 60-тите години. Кидер, која заедно со Кристофер Рив глумеше во филмовите за суперхеројот од 1978 до 1987 година, починала во својот дом во Монтана, а точната причина за смртта не е објавена.

Режисерот Ричард Донер не сакал атрактивна актерка како партнерка на Кристофер Рив, туку ја одбрал Кидер токму поради нејзината природност.

Маргот во 1983 година глумеше со Питер О`Тули, а подоцна се појави и во серија за животот на младиот Супермен, „Смолвил“. Кидер оствари значајни улоги и во хорор филмовите „Сестри“ и „Црн Божиќ“.

Таа беше посветена ина политички активизам.

Актерката страдала од биполарно нарушување, што и било дијагностицирано после една манична епизода во 1996 година, кога била најдена во потполно дезориентирана состојба како талка по улиците на Лос Анџелес. Подоцна јавно говореше за својата болест, со цел да ја подигне светста кај луѓето за тоа нарушување.

Кидер зад себе ја остави ќерка ѝ Меги, што ја доби во тригодишниот брак со писателот Томас Мегуан. Подоцна повторно се омажи – за актерот Џон Хер од серијата „Сопранови“. Тој брак траеше само шест дена. Нејзиниот трет брак со францускиот режисер Филип де Брок, траеше една година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...