Почина лекарот кој предупреди на новиот Корона вирус

665

Лекарот од Вухан, Ли Венлианг, кој се обиде да ги предупреди своите колеги за појавата на Корона вирус, почина во болница, во кинескиот град од каде изби епидемијата.

„Гардијан“ јави дека офтамологот д-р Ли Венлианг починал денеска од последици од вирусот.

Ли беше приведен во полиција кога се обидел да ги предупреди останатите на вирусот, уште во декември минатата година. На 30 декември, тој испратил групна порака на лекари со предупредување за вирусот, а само неколку дена подоцна бил повикан во Бирото за јавна безбедност да потпише писмо, во кое тој е обвинет за давање лажни информации.

Ли беше еден од одумте лица кој беше на распит во полиција поради ширење гласини.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...