Почина легендарниот музичар Скот Вокер, Дејвид Боуви го сметал за идол

Несреќната вест ја потврди неговиот издавач „4АД“, кој го нарече еден од најголемите иноватори на креативната музика.

533

Музичарот Скот Вокер, најпознат како фронтмен на групата „Браќата Вокер“ која беше позната во 60-тите години, почина во понеделникот на 77-годишна возраст.

Несреќната вест ја потврди неговиот издавач „4АД“, кој го нарече еден од најголемите иноватори на креативната музика.

Некои од најпопуларните песни кои ги пееше се „The Sun Ain’t Gonna Shine Anymore“ и „Joanna“. Исто така, имаше и големо влијание на многубројни музичари како Дејвид Боуви кој го доживувал како идол.

Скот не ја сакал премногу славата, а освен со бендот, остварил и соло кариера, но не толку успешна. Работел со многубројни изведувачи како што се „Палп“.
Освен во музиката, се испробал и во актерството. Имал улоги во неколку филмови од кое еден е за него под називот „Скот Вокер: Маж на 30. век“.

ФОТО: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...