Почина легендарниот актер Михаило Миша Јанкетиќ ФОТО

Неговите колеги ја делат тагата и се обидуваат да прифатат дека легендата повеќе ја нема.

1503

Во Белград на 80-годишна возраст почина легендарниот српски и југословенски актер Михаило Миша Јанкетиќ.

Зад себе остави неизбришлива трага во српската кинематографија, но и многубројното неутешно семејство – меѓу кои сопругата Светлана и четирите деца.

Неговите колеги ја делат тагата и се обидуваат да прифатат дека легендата повеќе ја нема.

Во кариерата одиграл повеќе од стотина улоги во театар, најмногу во Југословенскиот драмски театар.

Михаило Јанкетиќ се занимавал со педагошка работа како професор по глума на Академијата за уметности во Нови Сад.

Добитник е на сите најзначајни актерски и општествени признанија, „Добричин прстен“, „Октомвриска награда“, четири „Стериини“ награди, наградата „Павле Вуисиќ“ за животно дело.

 

Miša Janketić sa porodicom 28. aprila ove godine

ФОТО: Profimedia
ФОТО: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...