Поранешниот генерален секретар на Обединети нации и добитник на Нобелова награда за мир, Кофи Анан, денеска почина на 80 години.
Анан е роден во 1938 година во Гана и беше седми генерален секретар на ОН во периодот од 1997 до 2006 година.
Тој беше и специјален претеник на ОН за Сирија.
Анан заедно со ОН во 2001 година ја доби Нобеловата награда за мирн, за нивната „работа кон подобро организиран и помирен свет“.
Тој беше оженет и татко на три деца.
„Денеска жалиме за загубата на голем човек, лидер и визионер“, објави Агенцијата на ОН за миграција (УНХЦР) на Твитер по повод смртта на Анан.