Влијателниот британски танчар, кореограф и пантомимичар, кој во текот на својата кариера соработуваше со пејачот Дејвид Боуви, почина на 80 години.
Кемп починал во петокот навечер во Италија, каде што живеел, пренесоа светските медиуми.
Режисерката Ненди Пинто-Душински, која го снима документарецот „Последниот танц на Линдзи Кемп“, рекла дека тој починал ненадејно после „совршен ден поминат во вежбање со своите студенти“.
– Многу ми е жал што ви соопштувам дека Линдзи почина… беше многу среќен и тоа се случи ненадејно – напишала режисерката на Фејсбук страницата на документарецот.
Кемп беше познат по настапите во впечатливи костими и бело лице. Тој ја работеше кореографијата и настапуваше во текот на концертите на Дејвид Боуви, „Зиги стардаст“ во 1972 година во Лондон.
Фото: EPA/MAURIZIO DEGL’INNOCENTI