Почина конгресменот Илајџа Камингс

73
ФОТО: EPA / ERIK S. LESSER

Aмериканскиот конгресмен Илајџа Камингс од Демократската партија, синоќа почина на 68-годишна возраст од како што се наведува, „долгогодишни хронични проблеми со здравјето“.

Беше претставник на седмиот конгресен дистрикт од Балтимор, Мериленд. Тој претседаваше со Конгресната комисија за владини реформи, еден од клучните панели за спроведување на актуелната истрага за импичмент на претседателот и се јавуваше како влијателна фигура во исрагата. Беше член на Конгресот од 1996 година.

ФОТО: EPA / ERIK S. LESSER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...