Кајл Павоне пеач на рок бендот „We Came as Romans“ почина на 28 години, потврдил неговиот бенд.
– Трагичното заминување на Кајл дојде прерано. Сите сме тажни поради загубата.Ќе ни недостасува неговата насмевка, искреноста, неговата грижа за другите и импресивниот музички талент – напишале колегите оф групата.
Кајл објавил пет студиски албуми вклучувајќи го и последниот албум „Cold Like War“, објавен минатата година.
Американските медиуми претходно објавија дека Кајл е примен во болница во Мичиген на 19 август, но засега не е позната причината за смртта на младиот пеач.