Почина еден од најбогатите луѓе на светот

2403

Милијардерот Дејвид Кох, еден од најбогатите луѓе на светот и прочуен донатор на Републиканската партија во САД, почина на 80 години.

Веста за смртта на Дејвид, кој беше на 11. Место на листата на Форбс за најбогати луѓе на светот, ја објави неговиот брат Чарлс Кох.

– Со тешко среце морам да кажам дека почина мојот брат Дејвид. Секој кој работел со него сигурно ја доживеал неговата огромна посебност и страст за живот – напиша во објавата.

Браќата Кох заедно го водеа еден од најголемите конгломерати „Кохинсдустрија“ кој го основал нивниот татко во 1940 година.

Кох тежеше 42 милијарди долари. Тој сев залагаше за слобода на пазарпт и за  намалување на мешањето на САД во војните ширум светот.

Кох беше хилантроп и вложуваше во уметност, но и донираше пари за заболени од рак бидејќи и самиот преболел рак на простата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...