Почина Едвард Никсон, брат на поранешниот американски претседател Ричард Никсон

101

Едвард Никсон, најмладиот брат на поранешниот американски претседател Ричард Никсон, кој цврсто го бранеше наследството на својот брат во Белата куќа, почина вчера на 88-годишна возраст.

Фондацијата „Ричард Никсон“ соопшти дека Едвард починал во дом за старци  во местото Ботел, во сојузната држава Вашингтон, во близина на Сиетл.

Геологот и поморски ветеран, Едвард Никсон работел на претседателските кампањи на неговиот брат во 1968 и 1972 година и бил потпретседател на тимот за реизбор на Никсон во 1972 година.

Фондацијата соопшти дека ќерките на Ричард Никсон, Трисија Никсон Кокс и Џули Никсон Ајзенхауер, го нарекувале нивниот чичко „столб на семејството” откако поранешниот претседател почина во 1994 година. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...