Почина Душица Илин-Шеќеровски, писателка и новинарка

Таа е автор е на повеќе поетските книги, меѓу кои „Фреска на срцето“ (1971), „Сизифина“ (1976), „Ветер во кафез“ (1981), „Толкување на стравот“ (1989), „Бела линија“ (2006), „Вишок земја“ (2019), како и на „Златен венец – Антологија на струшките вечери на поезијата“ во три изданија.

713

Вo Белград синоќа почина истакнатата македонска писателка и новинарка Душица Илин-Шеќеровски.

Душица Илин-Шеќеровски е родена во Тетово на 12 март 1944 година. Се школувала во Битола, Тетово, Скопје и Белград, а книжевните и новинарските студии ги усовршува во Белград, каде што живее и работи како дописник на повеќе македонски електронски и пишани медиуми.

Член е на ДПМ од 1972 година. Таа е автор е на повеќе поетските книги, меѓу кои „Фреска на срцето“ (1971), „Сизифина“ (1976), „Ветер во кафез“ (1981), „Толкување на стравот“ (1989), „Бела линија“ (2006), „Вишок земја“ (2019), како и на „Златен венец – Антологија на струшките вечери на поезијата“ во три изданија.

Песните на Душица Илин се објавени во Полска, САД, Турција, Романија и во други земји. Застапена е во повеќе антологии на македонската и југословенската поезија. Таа е дoбитник и на наградата Златен прстен за книжевен опус.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...