Почина Бора од Партибрејкерс

768

По кусо и тешко боледување на 56-годишна возраст почина тапанарот на панк-рок групата Партибрајкерс, Игор Боројевиќ – Бора.

Членовите на групата и обожавателите од него се простуват на Фејсбук.

– Нѐ напушти прекрасен човек, другар и колега, најдобриот  тон-мајстор и продуцент, Игор Боројевиќ. Долги години  беше шести член на групата. Удираше тапани на трета плоча. Игоре, никогаш нема да те заборавиме – се вели во соопштението на бендот.

Освен во „Партибрајкерс“, Бора бил тапанар и во групите „Потоп“ и „Банана“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...