Актерката и модел Тања Малет почина на 78-годишна возраст, а веста беше потврдена на официјалниот твитер-профил на филмовите за Џејмс Бонд.
„Жал ни е што Тања Малет нè напушти, нашите мисли се со нејзиното семејство и со пријателите во овие тажни мигови“, пишувало на Твитер.
Кариерата на Малет почнала на нејзини 16 години како манекенка, а била една од најпрепознатливите британски убавици кон крајот на педесеттите и почетокот на шеесеттите години.
Улогата Тили Мастерсон во филмот „Голдфингер“ беше нејзино прво актерско искуство. Откако играше во третиот „Бонд“, Тања одлучила да се врати на манекенството.
ФОТО: United Artists