Почина Благоја Јордановски еден од основачите на детскиот фестивал „Златно славејче“

328

Почина Благоја Јордановски, еден од првите македонски народни учители, еден од најпознатите активисти околу детското згрижување и напредување во нашата земја.

Јордановки е роден на 25 февруари 1930 година во Штип. Припаѓа на првата генерација народни учители кои ја завршија учителската школа во „Никола Карев”. Беше директор на пионерскиот дом „Карпош“ и секретар на Градскиот сојуз за грижи и воспитување на децата од Скопје, како и учител и директор на децата прогонети од Егејска Македонија во градот Бела Црква, Војводина.

Тој е еден од основачите на детскиот фестивал „Златно Славејче“. Добитник е на наградата „13 Ноември“ за заслужен граѓанин за учество во тимот за обнова на Скопје по земјотресот во 1963 година, како и други позначајни награди.

Погребот ќе се одржи утре на гратските гробишта во Бутел, со почеток во капела во 12.30 часот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...