Почина Берт Рејнолдс

Познатиот американски актер Берт Рејнолдс починал денеска на 82-годишна возраст. Ѕвездата на серијалот „Gunsmoke“, „Smokey and the Bandit“ и „Boogie Nights“ починал во болница во Флорида.

743

Познатиот американски актер Берт Рејнолдс починал денеска на 82-годишна возраст. Ѕвездата на серијалот „Gunsmoke“, „Smokey and the Bandit“ и „Boogie Nights“ починал во болница во Флорида.

Познат како еден од опасните момци на американската филмска сцена, Рејнолдс ја започна кариерата на филмското платно во култниот филм „Deliverance”.

Тој го глумеше и полицискиот детектив Ден Огуст во истоимената серија, а во 1997 година беше номиниран за Оскар за најдобра споредна улога во „Boogie Nights“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...