Почина актерката Силвија Мајлс од „Полноќен каубоец“

446
EPA/GINO DOMENICO

Глумицата Силвија Мајлс, номинирана за Оскар за филмовите „Полноќен каубоец“ и „Збогум, драга моја“, почина на 94-годишна возраст.

Веста за смртта на Мајлс, која починала во нејзиниот дом во Њујорк, ја соопштија нејзините блиски пријатели, актерката Џералдин Смит и новинарот Мајкл Мусто.

– Интервјуата со Мајлс (во 70-те години на минатиот век) беа моите први позначајни написи. Таа беше амбициозна и харизматична… И беше многу горда на своите две номинации за Оскар – изјави Мусто, кој пред неколку децении требало да добие и епизодна улога покрај неа и Смит во нискобуџетен филм.

Силвија Мајлс е сепак најпозната по филмот „Полноќен каубоец“ во кој настапи со Џон Војт и Дастин Хофман.

Фото:EPA/GINO DOMENICO

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...