Почина актерката Ана Карина

904

 Француската актерка со данско потекло, Ана Карина, најпозната по своите улоги во филмовите на легендарниот режисер Жан-Лук Годар, почина на 79-годишна возраст од канцер, пренесоа француските медиуми.

Во текот на 60-те години на минатиот век актерката со бледо лице и големи сино-сиви очи сними седум филма на Годар, во тоа време и нејзин животен партнер.

Карина е позната со своите улоги во филмовите „Жената си е жена„, „Клео од 5 до 7″, „Да го живееш својот живот”, „Алфавил”, „Кинески рулет”.

Освен како актерка, Ана Карина се појавуваше и како пејачка, и тоа во заеднички настапи со Серж Гинсбург.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...