Припадниците на турската крајбрежна стража почнаа акција за потрага и спасување на 10 мигранти, кои исчезнале откако денеска потона нивниот чамец во Егејското Море.
Чамецот потонал крај брегот на Дикилија, во провинцијата Измир, во близина на грчкиот остров Лезбос, јави Анадолија.
Спасувачката операција е почната откако двајца мигранти успеале да допливаат до брегот и да побараат помош.
Не е познато од која земја се мигрантите.
ФОТО: Архива