Потона брод во близина на турскиот брег

94

Брод кој пловел под панамско знаме потона во близина на градот Самсун во Турција.

Според Министерството за внатрешни работи на Турција, започната е операција за спасување, откако бродот упатил сигнал за помош.

Најмалку четири члена на екипажот се спасени, а останатите се бараат.

Засега не е познато колку членови на екипажот биле на бродот, ниту, пак, причината за несреќата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...