Потврдено првото обвинение против Ивица Тодориќ, сопственикот на „Агрокор“

Ивица Тодориќ уште од 2017 година се наоѓа под истрага за незаконско стекнување со повеќе од милијарда куни, пренесува Индекс.

128

Обвинителскиот совет на  Жупанискиот суд во Загреб го потврди првото обвинение против некогашниот сопственик на „Агрокор“, Ивица Тодориќ, пренесоа хрватските медиуми.

– Одлуката за тоа кога конкретната одлука ќе биде објавена ќе ја донесе претседателот на Обвинителскиот освет во договор со членовите на советот. Со оглед дека станува збор за сложена постапка, проценката е дека конечната одлука ќе се донесе на 17 декември – најави минатата недела портпаролот на Жупанискиот суд, Крешимир Девчиќ, вднаш по првата оддржана седница на Обвинителскиот совет во првата постапка против Ивица Тодориќ во аферата „Агрокор“.

Ивица Тодориќ уште од 2017 година се наоѓа под истрага за незаконско стекнување со повеќе од милијарда куни, пренесува Индекс.

Со истата истрага се опфатени и неговите синови Иван и Анте Тодориќ, како и 12 менаџери и ревизори на компанијата „Агрокор“.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...