Општинското државно обвинителство покрена обвинение против хрватскиот пејач Тони Цетински, а истото вчера е потврдено.
Сообраќајната несреќа во Ровињ во 2017 година во која страдаше пешак, покрај траумата, на пејачот може да му донесе и затворска казна во случај да се докаже дека е виновен, и тоа во траење од една до максимум осум години за ова кривично дело, пренесува „Глас Истре“.
Според обвинението, Тони Цетински се товари за сообраќајна несреќа со смртни последици од небрежност кршејќи ги правилата за безбедност во сообраќајот.
Цетински во 2017 година во стариот дел на градот Ровињ прегази човек, кој лежел во тесната уличка, при што загина 62-годишниот Ибрахим Кевљани.