Потврдена затворската казна за 14 новинари на „Џумхуријет“

102

Турски апелациски суд ја потврди затворската казна за 14 новинари од опозицискиот весник „Џумхуријет“, поради што вработените ќе бидат вратени во затвор на отслужување на остатокот од казната.

Турскиот суд минатата година осуди 14 новинари на „Џумхуријет“ на затворска казна по обвиненија за тероризам и поддршка на исламскиот проповедник Фатулах Ѓулен, кој живее во САД, обвинет од Анкара дека стои зад државниот удар од јули 2016 година.

– Апелацискиот суд утврди дека судењето било законско и ја потврди пресудата против нашите вработени – соопшти „Џумхуријет“.

Новинарите Кадри Гурсел и Хакан Кара, карикатуристот Муса Карт, адвокатот Булент Уку и сметководителот Емре Ипер, ќе бидат вратени во затвор за да го отслужат остатокот од казната, од кои сите се помалку од пет години, додека главниот уредник Мурат Сабунџу и новинарите Ахмет Сик, Хикмет Читинкаја, Орхан Ерик, Акин Аталај и Ајдин Енгин, ќе се жалат до повисок суд за нивните казни, кои се подолги од пет години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...