Синглот „SOS“ и албумот „Tim“ на шведскиот ди-џеј Авичи ќе бидат објавени наскоро. Тој трагично го загуби својот живот лани во април, во Оман.
Наредната недела излегува синглот, додека албумот е најавен за 6 јуни. Во времето на неговата смрт на 20 април минатата година, тој работел на својот нов албум.
Зад себе оставил многу завршени песни, но и демо снимки и нотни записи. Целиот приход од продажбата на синглот и албумот ќе биде наменет за фондацијата Тим Берглинг, која е основана во негова чест и се бори за повисока свесност за менталните нарушувања и суицидноста.
Текстописците со кои тој соработувал продолжиле да работат на овој албум и по смртта на Авичи, со цел неговата визија да биде целосно реализирана.