Постхумниот албум на Леонард Коен на врвот на светските топ-листи

216
EPA-EFE/YOAN VALAT

Постхумниот албум „Thanks For The Dance“ на Леонард Коен, по пуштањето во продажба, се најде на првото место на топ-листата за албуми во неговата родна Канада.

Компилацијата, покрај тоа, е на прво место и на листите во Белгија, Данска, Германија, Холандија, Норвешка и Швајцарија.

Леонард Коен е една од најдолговечните културолошки икони на современата историја, а неговата музика, поезија и проза и денес имаат влијание, како и инспирација за публиката ширум светот.

Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...