Постпородилната депресија во еднаков процент ги зафаќа и мајките и татковците

Истражувањето кое го спровеле научниците од Универзитетот во Индиана дијагностицирале постпородилна депресија кај 4,4 отсто од испитаните татковци, како и кај пет отсто од вкупниот број испитани мајки

123

Постпородилната депресија ги зафаќа татковците во ист процент како и мајките, открило истражувањето кое го спровеле научниците од Универзитетот во Индијана. Постпородилна депресија е дијагностицирана кај 4,4 отсто од испитаните татковци, како и кај пет отсто од вкупниот број испитани мајки.

За да дојдат до одговор, научниците анализирале повеќе од 9.500 случаи. Сите испитани родители имале деца помлади од 15 месеци, а биле набљудувани од август 2016. до декември 2017 година.

Мајките се следат по породувањето за да се открие постпородилна депресија и вообичаена кај 10 до 12 отсто од случаите. Од друга страна, татковците не се следат, пишува Дејли Мејл.

Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...