Постојат шест различни видови бенки, ако ја забележите оваа, веднаш кај лекар

Ин­тра­дер­мал­на бенка - Обич­но е со бо­ја на ко­жа­та или бла­го свет­ло­ка­фе­а­ва и тие нај­чес­то се от­стра­ну­ва­ат од ес­тет­ски при­чи­ни ако на ли­це­то му пре­чат или ако по­стоја­но ги пов­ре­ду­ваат.

2103

Нај­до­бар на­чин за пре­венци­ја од ме­ла­ном се­ко­гаш е ре­дов­на­та кон­тро­ла на бен­ки­те и на дру­ги­те про­ме­ни на ко­жата. Еве как­ви ви­до­ви бен­ки има и ка­ко нав­ре­ме да се за­бе­ле­жат про­ме­ни­те на нив.

Јун­кци­о­нал­на ме­ла­но­ци­тич­на бенка
Тоа е бен­ка што нас­та­ну­ва уш­те во ра­на­та воз­раст кај де­ца­та и мла­дите. Нај­чес­то се по­ја­ву­ва на­лик на ма­ли точ­кич­ки и мо­же да се на­о­ѓа се­ка­де по те­лото. Мош­не се рет­ки слу­ча­и­те во кои так­ви­те ви­до­ви бен­ки нас­та­ну­ва­ат во 50-ти­те или 60-ти­те годи­ни од жи­во­тот. Са­ма по се­бе е бе­зо­пас­на и ли­чи на пега. Глав­но се ка­фе­ави, тем­но­ка­фе­а­ви или ду­ри и црни.

Сло­же­на бенка
Нај­чес­то е бе­зо­пасна. Мо­же да ја има се­кој и мо­же да би­де со раз­ли­чен ин­тен­зи­тет, со по­свет­ла или тем­но­ка­фе­а­ва боја. Сред­ни­от дел обич­но е из­дигнат и ту­ка се сместе­ни пиг­мен­ти­те клетки. Во по­ве­ќе­то слу­чаи ста­ну­ва збор за бе­нигна твор­ба што рет­ко се прет­во­ра во по­о­пас­ни об­лици.

Ин­тра­дер­мал­на бенка
Обич­но е со бо­ја на ко­жа­та или бла­го свет­ло­ка­фе­а­ва и тие нај­чес­то се от­стра­ну­ва­ат од ес­тет­ски при­чи­ни ако на ли­це­то му пре­чат или ако по­стоја­но ги пов­ре­ду­ваат. Глав­но ги има на гла­вата, вра­тот или на гор­ни­от дел од те­лото, а по­не­ко­гаш од нив мо­жат да рас­тат и влакна. Нај­чес­то се бе­зо­пасни.

Пе­гички
Тие се чес­то кож­ни про­ме­ни кај лу­ѓе­то со све­тол тен, кои мо­же­би има­ат и мал­ку црве­ни­ка­ва ко­са или веѓи, си­ни очи. Не се опас­ни и не ба­ра­ат ле­ку­ва­ње и ни­ко­гаш не пре­ми­ну­ва­ат во ме­ла­ном. Со ог­лед на тоа де­ка ста­ну­ва збор за пиг­мен­тни клет­ки што ре­а­ги­ра­ат на УВ-зра­чење, на ко­жа­та ги има по­ве­ќе во те­кот на ле­то­то от­кол­ку во зима.

Лен­тиго
Во пра­ша­ње се ка­фе­а­ви дам­ки на­лик на пеги, кои се ја­ву­ва­ат во пре­де­лот на рамото и на гор­ни­от дел од гр­бот. Нас­та­ну­ва­ат ако ко­жа­та е ош­те­те­на за­ра­ди чес­то из­ло­жу­ва­ње со сонце. Ли­це­то што има мно­гу так­ви про­мени, се­ка­ко би тре­ба­ло да се по­ба­ра со­вет од дер­ма­то­лог, за­тоа што по­ра­ди дол­го из­ло­жу­ва­ње на сонце постои опас­ност од раз­вој на ме­ла­ном.

Дис­пла­тич­на или ати­пич­на бенка
На те­ло­то мо­же да се ја­ви са­мо ед­на так­ва бенка, а мо­же да се ја­ват и по­веќе. Мо­же да се по­ја­ват ка­де би­ло и кај овој тип тре­ба да се би­де вни­ма­те­лен за­тоа што настану­ва­ат ка­ко ре­зул­тат на из­ло­жу­ва­ње на сонце. Мо­же да има­ат раз­лич­на бо­ја и фор­ма и се­кој што ќе ја за­бе­ле­жи на ко­жата, за­дол­жи­тел­но тре­ба да оди на ле­кар за­ра­ди кон­трола. Обич­но так­ви­те бен­ки се го­леми, рам­ни и со неп­ра­вил­ни ра­бо­ви и пиг­мен­та­ции.

При наб­љу­ду­ва­ње­то на бен­ки­те и про­ме­ни­те на нив тре­ба да се за­пом­ни едноставно­то АБ­Ц­ДЕ пра­вило:
Аси­мет­ри­ја – ако е со не­ед­нак­ва ви­сина, раз­лич­ни бои, на еден дел по­го­лем или по­те­нок, тре­ба да се по­ба­ра ле­кар­ско мис­лење.
Ра­бо­ви (Border) – ако ра­бо­ви­те не се пра­вилни, ту­ку на­за­бени.
Бо­ја (Color) – ако бо­и­те на бен­ка­та се раз­лич­ни или одед­наш бен­ка­та ја сме­ни­ла бо­јата.
Ди­ја­ме­тар – ако бен­ка­та поч­на­ла да ги ме­ну­ва про­пор­ци­и­те и не­на­деј­но да се шири.
Раз­вој (Evolving) – ако бен­ка­та поч­на­ла да рас­те или да се ме­нува, вре­ме е за посе­та на дер­ма­то­лог.

ВАЖНО: Ни­ед­на од на­ве­де­ни­те про­ме­ни не е алар­ман­тна и важ­но е да се предупре­дат лу­ѓе­то де­ка ме­ла­но­мот ус­пеш­но се ле­ку­ва до­кол­ку нав­ре­ме се от­крие.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...