Редок постер со Елвис Присли од 1955 година, беше продаден на аукција во Северна Каролина за 42.500 долари, соопшти аукциската куќа „Херитиџ Окшнс“, чиешто седиште е во Тексас.
Се работи за плакат што го најави концертот во градот Ралej, Северна Каролина, на 19 мај 1955 година. Постигнатата цена на наддавањето, е двојно поголема од очекуваната, а новиот сопственик е од Калифорнија, јавуваат локалите медиуми.
Продавачот и купувачот претпочитаат да останат анонимни, се вели во соопштението на „Херитиџ Окшнс“.
ФОТО: твитер