За добрата слика за себе важен е односот со секој од родителите. Секој од ридителите претставува дел од идентитетот на детето. Родителите се одговорни за квалитетот на односот со децата, а детето има потреба да одржува однос со двајцата родители. Во случај на развод не престанува родителската улога. Во текот на разводот родителите треба засилено да внимаваат на потребите на децата бидејќи тие имаат силна потреба да се чувствуваат сигурни и да му припаѓаат на семејството.
Разводот на родителите за децата претставува губење на семејството кое го имале и им го нарушува чувството за сигурност и припаѓање. Ако родитеклите пропуштат да ја преземат одговорноста за квалитетот на односот со децата во текот и после разводот, одговорноста ќе ја преземат децата. Тие не знаат да излезат на крај со преземената одговорност и таа им претставува товар кој значително влијае врз нивното однесување и доживување.
Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.