Специјалниот пратеник на ОН за Блискиот исток Николај Младенов изјави дека сега е „последна шанса“ за да се спречи целосен судир меѓу Израел и палестинските екстремисти во Појасот Газа.
Младенов оцени дека „ризикот од војна е неминовен“, една недела откако со прекин на огнот е ставен крај на најголемиот судир меѓу Израел и палестински Хамас од војната во 2014 година.
Во најновиот судир загинаа 25 Палестинци, вклучувајќи 10 екстремисти, и четворица израелски цивили.
На отворањето на соларна електрана за болница во Газа, Младенов рече дека обете страни мора „да го зајакнат разбирањето“ за прекинот на огнот.
Договорот, на кој посредуваа Египет, Катар и ОН, предвидува снабдување со гориво и хуманитарна помош, како и олеснување за движењето на луѓето од таа плаестинска територија под израелска и египетска блокада. ссм/