Регулаторната комисија за енергетика денеска одлучи да ги зголеми цените на бензините и дизелот за 0,5 односно за 1,50 денари за литар.
Малопродажната цена на бензинот „еуросупер БС-95“ од полноќ се зголемува за 0.50 денари ќе изнесува 72,50 денати за литар.
Цената на „еуродизелот“ од 98 октани останува иста. Литар од овој бензин се продава по цена од 74 денари.
„Еуродизел(Д-Е V)“ поскапува за денар и половина и ќе чини 66 денари за литар.
Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 54,50 денари за литар.
Според одлуката на регулаторот, малопродажната цена на мазутот М-1 НС од полниќ ќе изнесува 34,351 денари за килограм.