Поскапување на горивата за еден денар

Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,03, односно за 1,98 отсто.

160

Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за еден денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,03, односно за 1,98 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 73,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 75, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 67, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 55,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,399 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 35,75 денари за килограм.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 4,17 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,53 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...