Цените на горивата остануваат исти, а од полноќ поскапува само мазутот М-1 НС за 1,877 денари за килограм, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Новата малопродажна цена на мазутот М-1 НС изнесува 40,424 денари за килограм.
Малопродажната цена на на „еуросупер БС-95“ останува 68 денари за литар, „еуросупер БС-98“ и понатаму ќе се продава за 70, „еуродизел (Д-Е V)“ за 62,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 51,5 денари за литар