Неколку месеци по апсењето на генералниот менаџер на „Порше“ за Германија, под обвинение за фалсификување на резултатите од тестови за емисија на штетни материи од дизел моторите, компанијата соопшти дека го запира производството на дизел возила.
Само 12 отсто од светската продажба лани отпаѓаше на дизел автомобили, а последниот „Порше“ го има продадено во февруари. На сметка на тоа пак, расте побарувачката за електрични и хибридни возила.
– Поради тоа, компанијата одлучи повеќе да не нуди возила на дизел погон во иднина – се вели во соопштението.
„Порше“, при тоа, го најави и својот прв целосно електричен модел „Тајкан“, кој премиерата ќе ја има наредната 2019 година.
ФОТО: Порше