Португалецот Елдер Батиста помина 4.640 километри на велосипед со цел да навива за репрезентацијата на Португалија на Светското првенство во Русија, но воедно да собере средства за хуманитарна организација.
„По победата на Португалија на Европското првенство во 2016 година, одлучив дека сам со велосипед ќе одам на Мундијалот во Русија. Во текот на патувањето планирам да собирам средства за добротворна организација од мојот роден град Ерикеира, од каде и го започнувам патувањето“, напиша Батиста пред тргнувањето.
Тој денеска попладне по локално време ја оствари целта и стигна во Москва.
Патувањето го започна на шести мај, а во текот на 44 дена помина 4.640 километри и границите на осум држави.