Поројни дождови во Бразил, има жртви ВИДЕО

65

Најмалку 11 лица загинале во поплавите предизвикани од поројни дождови во Бразил. Меѓу загинатите има и бебе.

Пожарникарната служба на Сао Паоло соопшти денеска дека четири лица загинале при уривање на куќа во предградие на најголемиот бразилски град, а уште две лица се удавиле во надојдената вода на реката Тамандуатеи.

По едно лице загинало во градовите Ембу дас Артес, Санто Андре, Сао Каетано и Сао Бернардо ди Кампо.

Дождот се очекува да продолжи да врне, а надлежните регистрирале дека во невремето се откорнале 155 дрвја, а блокирани се и неколку патишта.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...