Поројните дождови, свлечиштата и ветровите однесоа пет жртви во Италија

133

Четири лица загинаа при свлечиште, предизвикано од поројните дождови во регионот Калабрија, во јужниот дел на Италија, додека еден маж загина во пристаништето Катандзоро откако едлицата му била однесена од силните ветрови.

Поројните дождови и силните ветрови што ја зафатија денеска Италија се очекува утре да се интензивираат уште повеќе.

Во повеќе региони во земјата се издадени предупредување за лоши временски услови.

Соопштено е дека утре ќе бидат затворени училиштата во Венеција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...