Украинскиот претседател Петро Порошенко реагираше на објавата дека претседателот на САД Доналд Трамп ја откажува средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Буенос Аирес.
– Така реагираат големите лидери, напиша Порошенко на Твитер.
Двајцата претседателите требаше да имаат кратка средба на маргините на самитот Г20 во Аргентина.
This is how great leaders act! https://t.co/Skm8UOIh6f
— Петро Порошенко (@poroshenko) November 29, 2018